Општина Куманово објави јавни повици за изработка техничка документација за водоводна и канализациска мрежа

Од:

Општина Куманово објави јавен повик за прибирање понуди за изработка на основен проект за добивање е-дозвола за изработка на техничка документација за фекална канализација за дел од три кумановски села Лопате, Речица и Добрашане и за улици во општина Куманово.

Проценетата вредност на тендерот изнесува 880.000 денари без данок на додадена вредност.

Понудувачот треба да обезбеди архитектонски и интегрални инженерски услуги, услуги за просторно планирање и инженерски услуги за уредување на земјиштето, поврзани научни и технички советодавни услуги и услуги за технички испитувања и анализа.

Понудите треба да бидат доставени до 2. април, годинава.

Општината објави и оглас за барање за прибирање понуди за изработка на основен проект за добивање е-дозвола за изработка на техничка документација за водоводна мрежа за улици и населено место во Општина Куманово. Проценетата вредност без ДДВ е 650.000 денари.

Би можело да ве интересира

84-годишен кумановец е осомничен за убиство на 61-годишна жена

Четиригодишно дете во Куманово се затру откако испи повеќе таблети

Горан Наумовски

Две жени се нападнати од нивните сопрузи во кумановско

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ вети три клучни проекти за развој на Куманово

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци