Општина Куманово ќе издава под закуп дел од базенот и објекти сопственост на ЈП „Пазаришта“

Од:

Општина Куманово ќе издава под закуп деловни објекти, дел од затворениот градски базен и повеќе објекти сопственост на ЈП „Пазаришта“.

Од општината денеска соопштија дека предмет на електронско јавно наддавање е издавање под закуп на недвижни ствари, деловен простор и дел од затворениот градски базен со пропратни содржини, кои се нивна сопственост. Објектите се издаваат под закуп со дадена согласност со одлука на Совет на општина Куманово за времетраење од пет години од денот на потпишување на договорот со најповолниот понудувач.

Предмет на електронско јавно наддавање се и објекти, цврста градба, деловен простор сопственост на ЈП „Пазариште Куманово“ кои се издаваат под закуп согласно одлуката на Управниот одбор на „Пазариште“ од 13 јуни годинава и претходно дадена согласност со одлука на Совет на општина Куманово. Објектите се издаваат за времетраење од пет години од денот на потпишување на договорот за најповолниот понудувач.

Заинтересираните физички и правни лица треба да поднесат пријава за учество на електронското јавно наддавање. Пријавите за учество на електронското јавно наддавање се доставуваат во рок од 13 дена од денот на објавувањето на огласот, заклучно со 18 јули годинава, во електронска форма на http://www.e-stvari.mk

Право на учество на јавното наддавање имаат сите заинтересирани домашни и странски физички и правни лица кои согласно закон ги исполнуваат условите дадени во објавата. За детални информации за начинот на постапката, заинтересираните можат да се обраат до општина Куманово и ЈП „Пазаришта“.

Би можело да ве интересира

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ вети три клучни проекти за развој на Куманово

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци

Шаини: Лага е дека мојата сопруга сака да ме убие

Горан Наумовски

Уапсена е сопругата на докторот кој вчера беше застрелан во Куманово, напаѓачот е во бегство

А1он

Докторот Шаини кој вчера беше ранет во центарот на Куманово е пуштен на домашно лекување