Општина Куманово го продолжи рокот за аплицирање за проектот (ReLOaD)

Од:

Општина Куманово информираше дека рокот за поднесување апликации од страна на граѓански организации за проектот (ReLOaD) е продолжен до 11 април годинава.

Во претходниот повик објавен на општина Куманово ги повика граѓанските организации од државата да поднесат предлог проекти кои се доследни на развојните цели на општината, заштита на животната средина, заштита на човековите права,социјална кохезија и намалување на сиромаштијата,туризам и култура и младински иницијатици.

– Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD) е финансирана од Европската унија и ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во шест земји/територии од Западен Балкан. Проектот ќе трае до јануари 2020 година и ќе има за цел јакнење на партиципативната демократија и процесите за интеграција на земјте од Западен Балкан во Европската Унија преку јакнење на граѓанското општество за негово активно учество во процесот на денесување одлуки“-стои во повикот на општината.

Со проектот ReLOaD е предвидено да бидат вклучени пет општини од Македонија, Струмица, Ресен, Кавадарци, Гостивар и Куманово.

– Износот на средства за одобрени проекти ќе се движи од 307.000,00 до 1.845.000,00 денари, се наведува во повикот.

Организациите можат да поднесат повеќе од еден предлог проект, доколку вкупниот доделен износ не надминува 3.690.000,00 денари за целото времетраење на проектот ReLOaD – до јануари 2020. Општина Куманово и УНДП го задржуваат правото да не ги доделат расположливите средства доколку предлог проектите не ги исполнуваат зададените критериуми. Проектите може да бидат со времетраење од 6 до 8 месеци. Избраните проекти мора да се спроведат во периодот од мај 2018 до декември 2018.

Информации и електронската верзија од целиот пакет апликација може исто така да се преземат од официјалната општинска веб страница (www.kumanovo.gov.mk) како и на веб страницата на УНДП (www.mk.undp.org).

Би можело да ве интересира

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ вети три клучни проекти за развој на Куманово

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци

Шаини: Лага е дека мојата сопруга сака да ме убие

Горан Наумовски

Уапсена е сопругата на докторот кој вчера беше застрелан во Куманово, напаѓачот е во бегство

А1он

Докторот Шаини кој вчера беше ранет во центарот на Куманово е пуштен на домашно лекување