Општина Кисела Вода жали за загинатите во вчерашната сообраќајна несреќа

Од:

Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски изразува жалење и сочуство до семејствата и блиските на загинатите во тешката автобуска сообраќајна несреќа која се случи вчера на автопатот Скопје – Тетово, кај Карпалак.
Градоначалникот Темелковски во овие тешки денови за нашата земја повикува на сплотеност и на сите повредени им посакува брзо и успешно закрепнување.

Воедно по известувањето на Градската општа болница „8 Септември“ дека има ниски резерви од повеќето крвни групи, градоначалникот на Општина Кисела Вода ги повикува сите граѓани кои се во можност да даруваат крв со цел да ги спасат животите на повредените.

„Со цел да се превенира појава на повици за обезбедување на крв, Ве повикуваме да го направите своето дарување во ГОБ секој работен ден од 08.30 до 13.30 часот“, се вели во повикот Градската општа болница „8 Септември“.

Би можело да ве интересира

„Корса“ излета од булевар, тројца повредени завршија во болница

(ВИДЕО) Трагедија на автопат: Пет тинејџери загинаа во автомобил кој се движеше во спротивна насока

Горан Наумовски

Поради несреќа, запрен е сообраќајот на магистралниот пат Струмица- Граничен премин Ново Село

Двајца тешко повредени во сообраќајка кај Тајмиште

Жител на Љубојно почина откако изгуби контролa врз моторот што го управуваше

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина возач на патот Гостивар – Кичево