А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Општина Гостивар и денеска ќе прима геодетски елаборати за легализација на дивоградби

by А1он31/12/2016 - 10:52145
Share0

Администрацијата на општина Гостивар ќе работи и денеска за да им овозможи на граѓаните да ги достават геодетските елаборати за легализација на бесправно изградени објекти. Приемот на елаборатите ќе трае до вечер, до 20 часот, информираат од општина Гостивар.

Добивај вести на вибер

– Бидејќи законски предвидениот рок за доставување геодетски елаборати за легализација на бесправно изградени објекти истекува на 31 декември 2016 година, општина Гостивар донесе одлука администрацијата да работи и во сабота за да им се излезе во пресрет на сите граѓани кои аплицирале за легализација на нивните објекти во првиот рок од 2011 година, се наведува во соопштението на локалната самоуправа.

Од општината потсетуваат дека по истекот на рокот, според Законот за легализација на бесправно изградени објекти, постапката ќе се запре и граѓаните ќе го изгубат правото на легализација на нивните објекти.

Според Законот за легализација на бесправно изградените објекти во Република Македонија, сите граѓани кои аплицираа во првиот рок во 2011 година се должни да ја комплетираат документацијата со геодетски елаборати до 31 декември 2016 година.

Во првиот рок за легализирање беа поднесени 8.641 барања од кои повеќе од половината се процесуирани и граѓаните имаат добиено правосилни решенија. По продоложувањето на рокот, поднесени се уште 4.027 барања за легализација на бесправно изградени објекти.

gevgelija

Би можело да ве интересира

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција и реализација на ветената експанзија

А1он11/12/2025 - 16:18

Ангелов: Полесно е повреден возачот од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци

Горан Наумовски25/09/2025 - 16:25

(ВИДЕО) Густиот чад од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци предизвика паника кај локалното население

Горан Наумовски25/09/2025 - 15:12

Се преврте цистерна на патот Гевгелија-Богданци, нафтата уште истекува, пожарот е изгаснат

Катерина Ѓуровски25/09/2025 - 12:1425/09/2025 - 12:59

Загина 37-годишен мотоциклист од Гевгелија

Горан Наумовски15/09/2025 - 14:00

На две локации во Гевгелија се пронајдени починати двајца мажи

Горан Наумовски08/08/2025 - 13:2008/08/2025 - 13:27
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен