Општина Гевгелија времено ќе ангажира активни баратели на работа

Од:

Во рамки на проектот кој се реализира согласно оперативниот план за актуелни активности и мерки за вработување во 2018 година,одобрен од Владата на РМ, општина Гевгелија преку објавениот јавен оглас работно ќе ангажира 12 невработени лица, активни баратели на работа во Агенцијата за вработување.

Селектираните невработени лица ќе бидат работно ангажирани за период не подолг од 22 дена. За тоа,од буџетот на Агенцијата за вработување на РМ ќе им биде обезбедена финансиска подршка од 400 денари по ден или вкупно ќе добијат по 8.800 денари со платен персонален данок и осигурување, соопшти информативната служба на општина Гевгелија.

Невработените лица ќе изведуваат јавни работи предвидени во програмата со која општина Гевгелија аплицираше во овој проект.

Би можело да ве интересира

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус и починал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штрковите во Гевгелиско колабираат и дехидрираат поради топлото време

A1on

Општата болница во Гевгелија опремена со ново возило за Итна помош донација од Новоматик Македонија