Податоците од Агенцијата за вработување покажуваат дека во општина Гевгелија има вкупно 1.900 невработени од кои 1.300 се од градот додека пак остатокот се од околните населени места.
– Во изминатиот период настојувавме да создадеме услови за поволна бизнис клима и отворање нови работни места во општината. Резултатите не изостанаа и еве невработеноста континуирано се намалува, изјави градоначалникот Иван Франгов.
Коментирајќи ги податоците од Агенцијата за вработување градоначалникот Франгов вети дека негов приоритет е бројката на вработени и натаму да се зголемува.