Гевгелиските дуќанџии на градскиот пазар бараат решение за нивна локација

Од:

Со најавата за дислокација на градскиот пазар во Гевгелија, кој се наоѓа во централното градско подрачје, и почетокот на изградбата на новото пазариште во последната урбана зона на запад од Гевгелија, имателите на деловни објекти во сегашниот градски пазар останаа незадоволни од третманот на локалната самоуправа кон традицијата на нивната 30-годишна дејност.

Star pazar Gevgelija

На локацијата на сегашниот градски пазар се наоѓаат 25 дуќанџии од чија дејност опстојуваат и 25 гевгелиски семејства, односно над 100-тина жители на општината. Во првичните разговори со стариот градоначалник, кој е веќе реизбран, ни беше речено дека при изградбата на новото пазариште ќе имаме предност за откуп на деловен простор, но во текот на месец јануари градоначалникот ја смени својата изјава и при средба со нас пазарџиите најави дека новиот простор ќе биде продаден на приватен стопанственик, кој понатаму самостојно ќе ги регулира односите со заинтересираните закупци на простор по пат на лицитација – изјавуваат револтирано пазарџиите, односно имателите на деловни објекти во градскиот пазар во Гевгелија.

Dukjani na star pazar Gevgelija 3

Камен-темелник на новото пазариште е поставено на 23 декември минатата година и тој треба да зафаќа површина од 5.888 метри квадратни, што е за 50 отсто повеќе од површината на сегашниот пазар.

Изградбата ќе се реализира во три фази, а ќе чини околу 60 милиони денари. Во првата фаза предвидена е изградба на првиот покриен дел со сите потребни дуќани, придружни содржини и со доволно паркинг-простор. Тоа значи дека во текот на март идната година старото пазариште ќе може да се пресели на новиот Градски пазар. Во втората фаза ќе се изградат уште две покриени хали и придружни дуќани – изјави градоначалникот Франгов по повод поставувањето на камен-темелникот, на свеченоста на која присуствуваше лично и премиерот Никола Груевски.

Nov pazar Gevgelija 4

На полјаната се видливи градежните зафати, но целосна реализација на проектот и селидба на постојните малостопанственици во новите деловни простории на градскиот пазар не регистриравме, ниту со репортерската посета на локацијата, ниту, пак, малостопанствениците имаат официјална најава за такво нешто и по еден месец од најавениот завршен рок за изградба на новиот градски пазар.

Nov pazar  Gevgelija 3

Мене лично не ме интересира новата локација, бидејќи е на периферијата на градот, надвор од сите градски движења, каде што се стационирани трговските центри, бутиците, салоните за разубавување, кои ги посетуваат најголемиот дел од нашите клиенти, потрошувачи, а тоа се странските купувачи од Грција – велат стопанствениците-пазарџии од Гевгелија. Нас нѐ интересира градоначалникот да го реализира своето ветување, дека секој од 25-те малостопанственици-иматели на дуќан во градскиот пазар, кои не ја поседуваат локацијата, ќе добијат на располагање општинско земјиште на кое ќе можат да постават монтажни времени објекти и да продолжат со својата дејност. Сѐ ќе се знае и ќе се реши по изборите, најавија од локалната самоуправа, но од разговорите досега на терен нема ништо ново – коментираат пазарџиите загрижени за неизвесноста на својата дејност, деловната и семејна егзистенција.

Nov pazar Gevgelija 5

Темата за градското пазариште, дислокација и изградба на нов современ пазар ја возбуди гевгелиската јавност и по друга основа – продажбата на атрактивното земјиште на сегашниот градски пазар лоцирано во централното градслко подрачје за багателна цена по вредност од 2.850 денари за метар квадратен. За да биде привлечен тендерот за продажба на земјиштето според Деталниот урбанистички план беше предвидено на истиот простор да се изгради деловен трговски центар, потоа беше променета намената во хотел со казино, за на крај да биде коригирана последната легитимна промена за изградба на повеќекатница во центарот на градот.

По низата реакции на граѓаните и од опозицијата во општинскиот Совет, беше констатирано дека казина во општината има премногу, а дека зграда ќе го задуши централниот градски простор, со што продажбата беше прогласена за нерегуларна, а објавениот тендер за продажба на земјиштето од близу 4.000 метри квадратни беше поништен.

Како ќе заврши пазарџиската неизвесност останува да почекаме да се произнесе новиот Советот на Општината и да донесе конкретен одговор за постапката за преселба на пазарџиите на нов деловен простор. Но, на која парцела и каде – се интересираат пазарџиите, зашто во светот на бизнисот клучна алка за успех е локацијата, опкружувањето и блискоста на потенцијалните потрошувачи.

А.Д.

Би можело да ве интересира

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус и починал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штрковите во Гевгелиско колабираат и дехидрираат поради топлото време

A1on

Општата болница во Гевгелија опремена со ново возило за Итна помош донација од Новоматик Македонија

Србин со нож ранил маж во кафеана во угостителскиот објект на бензинската пумпа во Јосифово

Горан Наумовски