Општина Гевгелија објави тендер за доградба на училници во гимназијата

Од:

Реализацијата на проектот за изградба на 14 нови училници во гевгелиската гимназија, симболично почна денеска со тендерот што општина Гевгелија го објави за избор на најповолен понудувач за изведба на градежните работи.

– Проектот ќе овозможи едносменско следење на наставата и заштеда на средства за енергенси, односно поголема енергетска ефикасност на средното училиште во Гевгелија. Проектот ќе се реализира со кредит обезбеден од Меѓународната банка за обнова и развој и со средства од сопствено учество, посочија од општината.

Тендерската документација чини 3.000 денари и може да се добие преку електронска пошта или директно во просториите на општина Гевгелија,а понудите кои мора да бидат придружени со банкарска гаранција од 900.000 денари, треба да се достават најдоцна до 17 октомври на адреса на општина Гевгелија исклучиво по пошта од причина што електронско доставување на понудите не е дозволено.

Физичкото отворање на понудите и изборот на најповолен понудувач ќе се изврши на 17 октомври во 12 часот.

Би можело да ве интересира

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус и починал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штрковите во Гевгелиско колабираат и дехидрираат поради топлото време

A1on

Општата болница во Гевгелија опремена со ново возило за Итна помош донација од Новоматик Македонија