На територијата на општина Гевгелија има 17 населени места и исто толку месни заедници од кои половината не функционираат поради што се наметна потребата од организирање на избори за формирање на органите на месната самоуправа, велат од општината.
Општинската служба за информирање соопшти дека за таа цел во Програмата за финансирање на активностите на месните заедници од буџетот се издвоени 600.000 денари за подршка на проекти и активности на месната самоуправа и уште 350.000 денари за изборните активности и техничко опремување на канцелариите заради нивно заживување, обезбедување услови за работа и редовна комуникација со локалната самоуправа.
Покрај ова, посочија од општина Гевгелија, со програмата за финансирање на културата и спортот, општината додели средства на девет месни заедници кои аплицираа со проекти и активности што се организираат за време на панаѓури, празници и традиционални настани во населените места.