Општина Гевгелија ќе финансира 96 проекти од јавен интерес

Од:

Советот на општина Гевгелија годинава финансиски ќе поддржи најголем дел од поднесените проекти и активности од областа на спортот, културата, невладините организации, месни заедници и поединци кои се јавија на распишаните јавни повици за користење средства од општинскиот буџет.

– Од вкупно поднесените 107 проекти од здруженија на граѓани, јавни установи, месни самоуправи, невладини организации и поединци, советниците одлучија финансиски да подржат дури 95 проекти за чија што реализација во општинскиот буџет се предвидени 14,3 милиони денари, велат од општина Гевгелија.

Поради неисполнети услови и критериуми од јавните повици,финансиска подршка не добија само 12 проекти што значи дека се очекува богата 2018 година со активности,пред се од областа на културата и спортот во општина Гевгелија.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Полесно е повреден возачот од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци

(ВИДЕО) Густиот чад од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци предизвика паника кај локалното население

Се преврте цистерна на патот Гевгелија-Богданци, нафтата уште истекува, пожарот е изгаснат

Катерина Ѓуровски

Загина 37-годишен мотоциклист од Гевгелија

На две локации во Гевгелија се пронајдени починати двајца мажи

Горан Наумовски

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно