Општина Гевгелија и ГИЗ ја продолжуваат соработката

Од:

Претставниците на германската агенција за развој и соработка (ГИЗ) и градоначалникот на Гевгелија, Сашо Поцков, на денешниот состанок во Гевгелија се договорија да продолжи досегашната успешна соработка со конкретизирање на активности кои ќе се реализираат во претстојниот период.

Проект-координаторот на ГИЗ, Ивана Пановска информираше за можноста општина Гегелија да биде вклучена во мрежата на локалните власти на Југоисточна Европа преку новите проектни програми за обезбедување логистичка поддршка за проекти како што е изградбата на времената депонија за неотровен отпад кај Гевгелија.

Во тој поглед градоначалникот Поцков изрази заинтересиранот за продолжување на соработката и можност на нејзино насочување кон проектирањето и реализирањето на примарната и секундарната селекциона линија во новата времена депонија.

За време на бегалската криза токму ГИЗ ја обезбеди помошта на општина Гевгелија за обезбедување услови за складирање на комуналниот отпад во постојната депонија.

Би можело да ве интересира

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус и починал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штрковите во Гевгелиско колабираат и дехидрираат поради топлото време

A1on

Општата болница во Гевгелија опремена со ново возило за Итна помош донација од Новоматик Македонија

Србин со нож ранил маж во кафеана во угостителскиот објект на бензинската пумпа во Јосифово

Горан Наумовски