Општина Гевгелија ги дава спортските терени за ич пари

Од:

На предлог на градоначалникот на Општина Гевгелија, а со амин на мнозинството советници во општинскиот Совет, Градскиот стадион во Гевгелија е даден на користење за период од 10 години без надоместок, со можност за продолжување.Ова е содржано во одлуката што ја усвои Советот на општината на последната петта редовна седница.

Во текот на расправата беа спротивставени мислењата „за“ и „против“. Советникот од редовите на СДСМ Андон Ќурчиев се спротивстави на таквото однесување кон општинскиот имот од страна на градоначалникот, како предлагач на одлуката, со зборовите:

„Во правилникот за управување со имотот на Општина Гевгелија не постои одредба имотот да се дава без надоместок, со можност за продолжување, како што е наведено во понудената предлог-одлука за Градскиот стадион. Според Статутот на Општината, имотот се дава по пат на јавно наддавање , а не по непосредна спогодба (член 136 од Статутот)“, нагласи во својата дискусија Ќурчиев, забележувајќи му на градоначалникот дека за вакво прашање не ја искористил можноста да организира поширока јавна расправа со спортските работници од општината и заинтересираните граѓани.

Градоначалникот ја оправда одлуката со постоењето иницијатива од страна на Фудбалскиот клуб „Миравци“ од Миравци да направи нешто.

IMG_0698

„Кој ќе се јави на јавно наддавање? Јас загубата ја гледам сега, од оваа состојба“, посочи тој додавајќи дека ФК треба редовно да си ги покрива комуналните трошоци за одржување на стадионот.

Советничката од Миравци Марија Костадинова (СДСМ) праша дали ова значи дека се дава приоритет на клубот или ова е проект за омасовување на спортските активности.

„Ќе се формира нов клуб. Можеби инвеститорот ќе го нарече ФК ’Кожуф-Миравци 2013‘. Оттогаш ли ќе започнеме да ја испишуваме спортстата историја на Општината?“ – праша таа.

ФК „Миравци“ забележа завидни резултати во Втората македонска фудбалска лига, поради што советникот од ЛДП Петар Апостолов искажа резерва по прашањето за негово згаснување со припојувањето кон гевгелискиот ФК „Кожуф“.

„Како ќе се чувствуваат миравчани кога ФК Миравци веќе нема да постои? Ќе се сложам ФК Миравци да го користи гевгелискиот стадион, за доделување на поголеми финансиски средства од општинскиот буџет, но не и за фузија на двата клуба. Згаснуваме успешен клуб за сметка на неуспешен клуб“, забележа Апостолов.

Советничката од СДСМ Наташа Минова одлуката за отстапување на градскиот стадион без надоместок и регистрирањето на нов клуб го препозна како начин да се покрие лошото работење на странскиот инвеститор од Швајцарија со кој општината склучила договор пред 3-4 години за отстапување на ФК „Кожуф“ и градскиот стадион, а истиот инвеститор го остави клубот со блокирани сметки и со обрасната трева на игралиштето од еден метар.

Stara slika 2012

Претседавачот на Советот и го одзеде зборот со образложение дека не се држи до точката на дневен ред, а советникот од Социјалистичка партија побара пауза заради задржување на дигнитетот на Советот.

Освежен од паузата, градоначалникот Иван Франгов изјави дека Општина Гевгелија никогаш не управувала со клубот. Има барање од ФК „Миравци“ и претседателот Васил Штерјов  да се додели градскиот стадион на користење на подолг период од 20 години, со обврска да го променат името на ФК „Миравци“ во ФК „Кожуф“.

„И, знаете како ќе ечи кога ќе се навива? За Кожуф ќе се навива“, беа зборовите на градоначалникот со кои сакаше да ја оправда одлуката за бесплатно отстапување на стадионот во Гевгелија.

А.Д.

Би можело да ве интересира

Србин со нож ранил маж во кафеана во угостителскиот објект на бензинската пумпа во Јосифово

Горан Наумовски

ВИДЕО: Град со големина на орев го погоди Гевгелиско

Градоначалникот на Гевгелија префрлил 36.000 евра на ракометен клуб основан од татко му, обвинија од СДСМ

Орце Костов

Едно лице загина во сообраќајката на патот Гевгелија-Богданци: Се судриле четири автомобили

А1он

Сообраќајка на патот Богданци-Гевгелија: Сообраќајот во прекин, интервенираат пожарникари и полиција

А1он

Гевгеличанец си садел марихуана во двор – доби кривична и притвор

А1он