Општина Гевгелија донираше возило за потребите на детската градинка

Од:

Градинката „Детска радост“ од Гевгелија денеска за своите потреби доби патничко возило донирано од општина Гевгелија кое ќе се користи за обиколка на детските градинки во Гевгелија, Миравци, Негорци и Богородиц,а како и за транспорт на храна.

Возилото го предаде градоначалникот на Гевгелија Сашо Поцков, кој при посетата на градинката ја истакна потребата од натамошни активности за подобрување на условите за престој на дечињата.

– Општина Гевгелија прави напори за обезбедување на средства за целосна замена на столаријата во детската градинка „Цветови“ во Гевгелија, а веќе издвојува дополнителни финансиски средства за нормално функционирање и на оваа јавна детска установа поради нејзиниот зголемен обем на работа и потребата од дополнително ангажирање на негувателки и воспитувачки, изјави Поцков.

Возилото од типот „киа“ по барање на општина Гевгелија е отстапено од Агенцијата за управување со одземен имот на РМ.

Би можело да ве интересира

Забрана за пиење на водата од пет јавни чешми во Општина Гевгелија

Гевгелиски банкар од двајца клиенти украде пет милиони денари и над 63.000 евра

Горан Наумовски

Кај грчката граница откриени мигранти од Виетнам, уапсен e шверцерот

Силниот ветер однесе лимена конструкција покрив на училиште во Гевгелија

Катерина Ѓуровски

Пијан возач од Гевгелија удри во заштитна ограда на обиколницата кај Богданци

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција и реализација на ветената експанзија

А1он