Општина Гевгелија должи над 125 милиони денари

Од:

Општина Гевгелија во овој момент должи преку 125 милиони денари кон приватни фирми. На 25 октомври, денот кога ја презедов функцијата градоначалник долгот на општината изнесуваше четири милиони евра, а на нејзината сметка имаше само 550.000 денари, рече на прес-конференција градоначалникот Сашо Поцков, нагласувајќи дека финансиската состојба е сериозна и аларматна затоа што општина Гевгелија должи два годишни основни буџети.

– Очекуваме да пристигнуваат и нови фактури за задолжување на општината. По основ на кредитни задолжувања општината должи два милиони евра и уште 3,5 милиони денари кон спортски клубови, културни друштва и здруженија на граѓани на име одобрени средства за програмите од тековната година. За неисплатени обврски за минатата година деновиве падна и првата тужба, информира Поцков.

Би можело да ве интересира

Силниот ветер однесе лимена конструкција покрив на училиште во Гевгелија

Катерина Ѓуровски

Пијан возач од Гевгелија удри во заштитна ограда на обиколницата кај Богданци

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција и реализација на ветената експанзија

А1он

Ангелов: Полесно е повреден возачот од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци

(ВИДЕО) Густиот чад од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци предизвика паника кај локалното население

Се преврте цистерна на патот Гевгелија-Богданци, нафтата уште истекува, пожарот е изгаснат

Катерина Ѓуровски