Општина Гевгелија со 13 милиони денари ќе финансира културни и спортски активности

Од:

Гевгелиските советници одлучија годинава од буџетот да се издвојат 13 милиони денари за финансирање на активности и проекти од културата и спортот. Од нив четири милиони се за проекти од областа на културата и девет милиони денари за развој на спортот.

Од областа на културата за финансиска подршка беа пристигнати 54 барања, а за финансиска подршка на спортот 29 апликации.

Градоначалникот Сашо Поцков напомена дека средства ниту од далеку не ги задоволуваат целосно потребите на апликантите па затоа истакна дека ќе настојува во иднина да се анимираат поголемите стопански субјекти од општината да покажат поголема општествена одговорност и преку спонзорства да вложуваат во културата и спортот.

Покрај ова, нагласи Поцков, доколку во текот на годината некои поединци или клубови излезат со дополнителни барања за подршка, општината ќе може да им помогне преку буџетската ставка „други активности“ што годинава е зголемена од 190.000 на 500.000 денари.

Во своите дискуии по програмите, советниците истакнаа дилеми дали во културата да се финансираат само проверени автори и друштва или пак да се продолжи и со финансирање на аматери и почетници и дали во спортот да се финансираат клубови и поединци или средствата да се вложат во реновирање на постојните и изградба на нови спортски објекти.

При усвојувањето на програмите беше одлучено дека апликантите нема да можат да ги користат доделените средства доколку најдоцна до 15 март не ги поднесат извештаите за нивната работа во 2017 година.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Полесно е повреден возачот од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци

(ВИДЕО) Густиот чад од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци предизвика паника кај локалното население

Се преврте цистерна на патот Гевгелија-Богданци, нафтата уште истекува, пожарот е изгаснат

Катерина Ѓуровски

Загина 37-годишен мотоциклист од Гевгелија

На две локации во Гевгелија се пронајдени починати двајца мажи

Горан Наумовски

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно