Општина Гази Баба: Заврши времето на лагите од ВМРО-ДПМНЕ, градинката во Стајковци ќе се гради

Од:

„Општина Гази Баба жали што ВМРО-ДПМНЕ продолжува со изнесување на лаги сакајќи да на таков начин да ја покрие својата неспособност за менаџирањето со општината години наназад.

Пред да излезе на прес и да прочита однапред напишан текст, Тони Симоновски би требал да го праша претседателот на Советот Тони Бојковски до каде е изградбата на градинката во Стајковци, како и тоа кој врши блокада на работата на Советот во општината, но за жал тоа не го сторил.

Чувствуваме потреба да им ги објасниме работите за кои говорат во пресот.

Изградбата на новата градинка во Стајковци е прашање кое претходниот градоначалник Тони Трајковски не го решавал цели 3 години поради настанати имотно правни проблеми. Сегашниот градоначалник Борис Георгиевски заедно со својот тим и службите успеа да го лоцира проблемот и во законска постапка да се изврши експропијација на земјиштето со цел навремено започнување со изградба на градинката.

Токму од овој факт што градоначалникот Борис Георгиевски за само шест месеци од својот мандат успеал да го реши проблемот со градинката во Стајковци, ја отфрла вашата лага дека сегашниот градоначалник го одлага или закочува почетокот за изградбата на градинката во Стајковци.

Целосната потребна документација за изградба на градинката е обезбедена, а распишан е и тендер за изградба на новата градинка во Стајковци. Покрај градинката во Стајковци, ќе се проширува и градинката Морковче во Јурумлери, за што исто така веќе е распишан тендер. Проширување на капацитетот ќе има и на градинката во Железара, а извршено ќе биде и нејзино реновирање.

На крај уште еднаш жалиме што ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека општина Гази Баба за само една година започна забрзано да се развива. Жалиме што наместо во тој процес да ни се приклучат, тие се обидуваат да ги блокираат проектите кои се од интерес на граѓаните, за потоа преку лаги да обвинат друг“, се вели во реакцијата на општина Гази Баба за пресот на ВМРО-ДПМНЕ од Тони Симоновски.

Би можело да ве интересира

МВР: Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување на в.д. директор на ЈКП “Гази Баба 2007”

Обид за убиство во Гази Баба: Испукал 11 куршуми кон познаник и кон неговата сопруга

Тепачка во Гази Баба: Момче се пресметало со неговите баба и тетка

А1он

Левица: Стефковски ги остави учениците во Гази Баба без бесплатен превоз

Го киднапирале и силувале за долг од 150 евра – кривична за двајца скопјани

Анита Петровска Рајковиќ

Левица: Дивоградбите во Гази Баба недопирливи веќе два мандати