Општина Гази Баба во втора акција заплени 1 тон и 50 кг отпадни гуми

Од:

„Општина Гази Баба продолжува со мерки за зачувување на животната средина. Вчера општинските инспектори за животна средина запленија 1 тон и 50 кг отпадни гуми во ромското маало на ул. Методија Андонов Ченто, пред бензинската пумпа на Макоил.

Ова е втора акција каде се запленуваат отпадни гуми, претходно општина Гази Баба, заедно со Инспекторатот на град Скопје, Јавното комунално претпријатие Гази Баба 2007 и МВР заеднички учествуваа во акција на дивата депонија во Вардариште каде беа запленети 1 тон стари и уништени гуми кои се наоѓаа во дворовите на граѓаните, отпад кој досега беше пален на отворена површина, со што значително се загадуваше животната средина.

Вакви акции на инспекторатите ќе продолжат и во наредниот период кои континуирано ќе бидат на терен и ќе ја следат состојбата.

И понатаму останува апелот, сите граѓани да пријават палење на огнови или опожарување на јавни површини на бројот 193 за да можат институциите навремено да интервенираат“ се вели во соопштението на опшина Гази Баба.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Ова се избори кога триковите и измамите на нашите противници мора да бидат поразени

Стефковски: Ќе изградиме 40 детски забавни катчиња, и два адреналински паркови во Гази Баба

(ВИДЕО) Митовски: За 30 дена ќе ставам крај на депониите и хаосот со сметот во Гази Баба

Голем пожар во Парк шумата Гази Баба блиску до Природно математичкиот факултет

Горан Наумовски

Арсовска: Оф бе Боби, седи Боби, кец

Предраг Петровиќ

Стефковски со закана до Водовод: Пуштете вода веднаш или излегуваме на улица