А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Општина Дојран должи 150.000 евра на ЕК за нереализиран проект

by А1он03/05/2018 - 18:47270
Share0

Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, кој во Брисел учествува на заеднички состанок на македонските општини со европскиот Комитет на Региони, најави дека на следната владина седница ќе бара помош за долгот што го има општина Дојран кон Европската комисија.

Добивај вести на вибер

– Локалните единици во Македонија се соочуваат со неколку предизвици во процесот на евроинтграција, меѓу кои е финансиската стабилност на општините, порача министерот Фазлиу за МИА, посочувајќи го примерот со Дојран кој и должи 150.000 евра на Европската комисија за нереализиран проект од областа на прекуграничната соработка. Поради овој долг Македонија се соочува со опасност да не и бидат доделени средства за техничка помош за реализација на програмата за прекугранична соработка од страна на ЕК.

Министерот Фазлиу посочи дека од делегацијата на ЕУ во Скопје му порачале оти општина Дојран одбила да го врати долгот во дванаесет рати како што било предложено од страна на ЕК и дека се бара од државата да биде гарант.

– Побарав во делегација да остават простор да го отворам прашањето на наредната седница на Влада и да се види дали може од финансии да најдат механизми, во ребаланс да ни дадат пари па да се види во договор со општината да се помогне. Поради Дојран, ако не се плати долгот,може и да ни ги скратат средтсвата за техничка помош за реализација на програмата, изјави Фазлиу за МИА.

Проблемот со долгот на општина Дојран не бил тема на разговори на денешниот состанок во Комитетот на Региони во Брисел, но министерот и присутните единаесет градоначалници од Македонија ја искористиле приликата да се консултираат со нивните колеги од ЕУ кои се соочиле со слични проблеми, посочи министерот за локална самоуправа.

Тој додаде дека проблемот се должи на претходниот градоначалник на оваа општина.

dojran

Би можело да ве интересира

На „Богородица“, „Дојран“ и „Табановце“ се 30 минути

Горан Наумовски12/08/2025 - 08:08

ВИДЕО: Колони, гужви и чекање на излезите за Грција и на влез од Србија

Катерина Ѓуровски03/08/2025 - 13:11

Ангелов: Дејствуваат два „Ер трактори“, пожарот во Дојран до крајот на денот ќе биде под контрола

Горан Наумовски15/07/2025 - 16:2415/07/2025 - 20:30

Пожарот кај селото Николиќ во општина Дојран се прошири и на грчка страна

Горан Наумовски09/07/2025 - 18:52

Грција испрати два „канадери“ и пожарникари да помогнат во локализирање на пожарот кај Дојран

Горан Наумовски09/07/2025 - 17:5309/07/2025 - 18:01

Ангов: Потребна е воздушна помош поради алармантната состојба со пожарот во село Николиќ

Горан Наумовски09/07/2025 - 16:50
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен