Општина Чаир: Инцидентот со хотел Арка е правно-сопственички проблем, а не етнички

Од:

Општина Чаир реагира по случувањата во и околу хотелот Арка.

„Во врска со последните случувања кои се однесуваат на една случка во близина на Хотелот Арка во Старата Скопска Чаршија, ја известуваме јавноста дека се работи за проблем од правно-сопственичка природа и како таков случајот е под надлежност на Министерството за транспорт и врски“ се вели во соопштението на општина Чаир.

Во врска со изјавата на сопственикот на хотелот, од општината истакнуваат дека проблемите од правно-сопственичка природна треба да се решат од страна на надлежните органи и бараат да не им се дава меѓуетничка конотација.

„Старата Скопска Чаршија била и ќе остане симбол на мултиетницитетот и мултиконфесионалноста исто како и цел Град Скопје. Апелираме уште еднаш проблемите од правно-сопственичка природа да не се злоупотребуваат за поттикнување на меѓуетничка омраза“ се вели во соопштението на општина Чаир.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Бујар Османи го најави проектот „Чаир 48“

Меџити: Доктор Мухамед Муртези ќе биде носител на советничката листа на ВРЕДИ за Општина Чаир

Арсовска со 3.200 страници докази за дивоградби во Чаир: „Се градат згради за да се перат пари“

Предраг Петровиќ

Две скопјанки се степаа на паркинг во Чаир

А1он

Скандалозно: Според Тошковски дивоградбите ќе се уриваат само ако се опасни по живот

Арсовска го објави напаѓачот: Структури во МВР прават се да го заштитат и да го заташкаат случајот