Општина Центар адаптираше современ простор за времен престој на децата со церебрална парализа

Од:

Од наредната недела , 40 деца од Центарот за деца со церебрална парализа ќе се преселат во нов времен објект до ООУ „ 11 Октомври“, кој е во сопственост на општина Центар.

Поради изградбата на новото училиште во населбата Капиштец, имаше потреба од дислокација на Центарот. Но и условите за престој на децата во досегашниот објект не беа на потребното ниво.

Новата локација е со површина од 250 м2, и е целосно адаптирана за престој на овие лица. Изградена е рампа за пристап до улицата.

Овој објект ќе биде нивно убаво катче за престој, рекреација и забава во текот на периодот до изградба на училиштето. Новиот простор е во согласност со стандардите за пристапност, движење и опслужување на лицата кои се движат со помагала со соодветно прилагодени тоалети.

Објектот, општина Центар ќе го предаде на Министерството за труд и социјална политика која треба да ја пресели опремата.

Децата ќе имаат физиотерапевтска и дефектолошка поддршка по сите принципи и стандарди.

По изградбата, тие добиваат на користење 300 м2 простор и најсовремени услови во новото училиште „Капиштец“ .

Би можело да ве интересира

Николоски предлага со специјални закони да се забрани градењето во Центар и Карпош

Катерина Ѓуровски

Вандализмот на детско игралиште и поплаките за прегласна музика ја „размрдаа“ полицијата во Центар

Катерина Ѓуровски

Општина Центар со помош на полицијата ќе се справува со прегласната музика од ноќните клубови

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

A1on

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Катерина Ѓуровски