А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Општина Берово финансиски ќе поддржи здруженија на граѓани и фондации

by А1он02/04/2018 - 13:36192
Share0

Општина Берово распишa оглас за финансиска поддршка на здруженија на граѓани и фондации од општинскиот буџет за 2018 година. Распределбата на средствата од буџетот на општина Берово за 2018 година наменети за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации, ќе се врши согласно со добрите практики за финансиска поддршка на здруженија на граѓани и фондации и врз основа на одлука на општинскиот совет.

Добивај вести на вибер

Градоначалникот Звонко Пекевски истакна дека средствата од буџетот на општина Берово во вкупен износ од 300.000,00 денари, ќе се користат за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите, преку грантови за програми, односно проекти.

Средствата ќе се доделуваат согласно договорот на неколку дела за 2018 година. Рокот за реализација на проектот е осум месеци од денот на потпишувањето на договорот со општина Берово. Основни организациски критериуми кои треба да ги исполнуваат здруженијата и фондациите што учествуваат на огласот се да се регистрирани според Законот за здруженија на граѓани и фондации, да спроведуваат активности од минимум една година, да се занимаваат со активности и проекти од јавен интерес, да не добиле средства или поднеле пријава од друг орган на државната управа или други извори за иста намена и активности за кои поднесуваат пријава, а што би значело двојно финансирање на истите активности од различни извори, корисниците да дејствуваат на територијата на општина Берово. Предлог-проектите треба да кореспондираат со стратешките – развојни документи на општина Берово, да се од суштинско значење за подигнување на квалитетот на живеењето на граѓаните во локалната заедница во соодветните области, како и апликантите да прикажат сопствено учество или кофинансирање од други извори во износoт од најмалку 10 % од вкупниот износ на буџетот на самиот проект, истакна Пекевски.

Здруженијата и фондациите не можат да поднесат повеќе од една пријава за финансиска поддршка по огласот. Рокот за поднесување на пријавите е најдоцна до 16.04.2018 година.

berovo

Би можело да ве интересира

„Етно Плоштад Фестивал 2025“ во Берово

А1он27/08/2025 - 17:3027/08/2025 - 17:09

Пекевски: Месното население и компаниите да се вклучат во гаснење на пожарот на планината Готен

Горан Наумовски26/07/2025 - 09:18

Затворена е кујната во Домот за стари лица во Берово по појавата на стомачни тегоби

Предраг Петровиќ16/07/2025 - 17:57

Се откопувале гробови, коските се фрлале на градежна депонија

Горан Наумовски14/03/2025 - 18:51

Утрово насекаде минусни температури, најстудено во Берово -9

Горан Наумовски08/02/2025 - 09:13

Утрово најстудено во Берово, најтопло во Крушево

Горан Наумовски02/01/2025 - 09:14
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен