Општина Аеродром: Заврши криминалот на СДСМ во Аеродром, по четири години, децата добија топол оброк низ транспарентна постапка

Од:

„За прв пат по четири години во Општина Аеродром, учениците на првиот училишен ден имаа топол оброк, обезбеден во транспаретна и законска постапка, без фаворизирање на блиски фирми, како што беше случајот во времето на владеење на СДСМ. Фактот дека после неколку години, конечно е срушен монополот на фирмата блиска до СДСМ е причина за нервозата и незадоволството во редовите на партијата. Помина времето кога парите на граѓаните на Аеродром дадени за храна за децата во училиштата завршуваа во партиската каса на СДСМ“, велат од Општина Аеродром.

„Оваа година, според информациите од училиштата добиени по завршувањето на набавката, основните училишта на нашата територија одбраа 4 различни снабдувачи, додека во минатите четири години локалното партиско раководство на СДСМ со примена на различни методи, се погрижи само една блиска фирма да го добива тендерот во сите училишта.

Повторување на едно исто соопштение по неколку пати е само бесмислен и смешен начин на замајување на јавноста од погубните процеси и политики кои оваа партија ги спроведува во Македонија и идеја која произлегува од тендерската матрица во која функционира СДСМ подолг временски период.

Жално е да зборуваме за тендери и мед во период кога во општината Аеродром се работи законски, кога децата за прв пат имаат квалитетен и навремено обезбеден оброк, кога се градат училишта и градинки и кога општината конечно доживува промени по четиригодишен застој“, се додава во соопштението на Општина Аеродром.

Би можело да ве интересира

Аеродром, Гостивар и Сарај со В.Д. градоначалници до следните избори, помина Законот за локална самоуправа

Општина Аеродром: Град Скопје и ЈСП го оставија Долно Лисиче без градски превоз

Се нормализира состојбата во Аеродром по вчерашното невреме

Дејан Митески е новиот заменик-градоначалник на Општина Аеродром

Општина Аеродром: Нема бетонизација во Лисиче, ќе се гради една зграда и два парка

СДСМ: Муцунски и ДПМНЕ на шверцерски начин го изгласаа срамниот ДУП за бетонизацијата на Лисиче