Општина Аеродром: Заложбата за почист и зелен Аеродром е реалност – новиот концепт за одржување на јавната хигиена дава резултати

Од:

Општина Аеродром минатата недела успешно започна со имплементација на новиот концепт за одржување на јавната хигиена. Концепт кој подразбира зголемен капацитет на работници и механизација и истиот веќе дава сериозни резултати во нашите напори за обезбедување позелена и почиста општина соопштуваат од Општината.

– Водени од нашата идеја за обезбедување чиста и здрава животна средина во Општина Аеродром, минатата недела го промовираше амбициозниот проект за редефинирање на системот за одржување на јавната хигиена. Свесни дека јавната хигиена е од суштинско значење за задоволството на граѓаните и нивното здравје, преземавме сериозни чекори за создавање одржлив проект кој на долг рок го решава проблемот со хигиената и уредувањето на зелените површини во сите населени места во Општина Аеродром. Новиот концепт и активностите кои се преземени досега веќе ги даваат првичните резултати – искосени тревници и подигнување на хигиена на јавните простори, паркови и улици се реалност во Аеродром. Фактот кој посебно не радува, е дека нашите напори вродуваат со плод и истите се широко прифатени и препознаени од граѓаните. Општина Аеродром останува посветена на одржување на јавната хигиена. Во комуникација со граѓаните ќе ги дефинираме следните активности кои ќе бидат во нашиот фокус. Упатуваме благодарност до нив за разбирањето, придонесот и прифаќањето на овој концепт. Заедно, можеме да создадеме почиста, поздрава и поубава општина Аеродром, се нведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Трајановски: Со ваша поддршка кон подобра иднина на Аеродром

А1он

Град Скопје со кривична пријава против Јулијана Спироска, претседателка на Управниот одбор на Комунална Хигиена

Кривична пријава од општина Аеродром за Комунална хигиена

Започна првиот AERO Street Food Festival

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

Фестивал на улична храна во Аеродром

А1он