Општина Аеродром: За една година имаме повеќе нови проекти од четири години неработење на СДСМ

Од:

За помалку од една година мандат, одбележан со светска и домашна енергетска и економска криза, жителите на Аеродром се уверија дека Општината може да функционира подобро, а дадените ветувања да се остварат велат од Општина Аеродром во реакцијата на денешните обвинувања од координаторот на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Општина.

Соопштението од Општина Аеродром во целот во продолжение:

Во овие неполни 365 дена, аеродромци забележуваат огромна разлика во начинот на кој функционира општината, а инвестициите и проектите што се спроведуваат се видливи за сите.

Аеродромци за една година добија повеќе инфраструктурни проекти, сериозни инвестиции во образованието, нови современи содржини за спорт, забава, рекреација, како и нов начин на работа кој е неспоредлив со четирите години запоставување на Општина Аеродром.

Од ветените 4 нови градинки, со ребалансот обезбедивме средства за изработка на проект за 2, а едната градинка во Стар Аеродром ќе биде пуштена во употреба во наредните неколку недели.

Инвестициите во образованието се повеќе од видливи и се неспоредливи со 4те години неработење кои оставија училишта во руини и преполни градинки со стотици деца на листите на чекање. Завршена беше реконструкцијата на ОУ „Димитар Македонски“, ОУ „Блаже Конески“ доби нова фасада и проект за доградба и проширување на капацитетите, ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ доби нов велодром и игралишта за фудбал и кошарка, а ОУ „Браќа Миладиновци“ наскоро ќе биде етапно реконструирано. Учениците од 4 одделение за помалку од еден месец ќе добијат таблет уреди за следење на наставата, а сите училишта беа опремени со смарт табли. Училиштата и градинките добија нови фотоволтаици, со што значително се ублажи ударот од енергетската криза. Децата од прво одделение и дечињата со посебни потреби за првпат добиваат бесплатни часови по пливање.

Наместо самоволие на градежната мафија и гушење на урбаното јадро, градежните парцели ги претворивме во локации на кои ќе има нови паркови и зелени површини. Најфреквентните места добиваат нови плоштади, со што значително се разубавува сликата за Аеродром.

Целосно беа обновени спортските игралишта во СЦ „Марко Божиновски“ и игралиштето „Никола Христовски – Кољо“, а нова подлога добија и неколку други спортски терени низ општината. Најубавите детски катчиња во Скопје се наоѓаат токму во Аеродром, а родителите имаат соодветни услови за игра и забава на своите најмили на разни локации низ општината.

Аеродром константно поддржува настани за сите категории на луѓе, а одлучната поддршка за МЗТ Скопје го врати клубот во АБА 1 лигата.

Благодарение на новиот начин на работа, Општината започна со процесот на дигитализација на услугите, а за само неколку месеци, се издадоа повеќе решенија за легализација од претходните четири години.

Би можело да ве интересира

Решението за опасната крстосница кај „Љубен Лапе“ заглавено во институционални лавиринти

Протест пред „Љубен Лапе“ во Аеродром, се бара решение за небезбедната крстосница до училиштето

Катерина Ѓуровски

Аеродром, Гостивар и Сарај со В.Д. градоначалници до следните избори, помина Законот за локална самоуправа

Општина Аеродром: Град Скопје и ЈСП го оставија Долно Лисиче без градски превоз

Се нормализира состојбата во Аеродром по вчерашното невреме

Дејан Митески е новиот заменик-градоначалник на Општина Аеродром