Општина Аеродром втора година по ред обезбедува часови за бесплатно пливање за првачињата и децата со попреченост

Од:

И оваа година низ проектот „Учиме да пливаме“, учениците од прво одделение и дечињата со попреченост во Општина Аеродром имаат можност да ги совладаат техниките и стиловите на пливањето, целосно бесплатно, овозможено со средства од Општина Аеродром. Како дел од проектот, учениците добиваат часови од стручни лица, како и целосна опрема за пливање.

Инклузивноста и здравиот начин на живот се важни за нас во Аеродром, а задоволството на родителите и радоста на дечињата се доволна потврда дека со проектот ги рушиме стереотипите на административното работење и грижата за најмладите ја ставаме високо во нашите приоритети.

Пливањето овозможува тренинг за целото тело и го активира умот, а преку конкретниот проект, освен физичкиот развој, успеваме дечињата за момент да ги оттргнеме од секојдневните обврски и дигиталната технологија, стекнувајќи нови спортски и моторички вештини. Поддршката за спортот и здравиот живот продолжува и понатаму, со проекти и активности во различни спортски дисциплини.

Би можело да ве интересира

Трајановски: Со ваша поддршка кон подобра иднина на Аеродром

А1он

Град Скопје со кривична пријава против Јулијана Спироска, претседателка на Управниот одбор на Комунална Хигиена

Кривична пријава од општина Аеродром за Комунална хигиена

Започна првиот AERO Street Food Festival

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

Фестивал на улична храна во Аеродром

А1он