Општина Аеродром: Вратите се отворени и државните органи може слободно да дојдат

Од:

Обвинувањата за наводна скандалозна кампања на Општина Аеродром што претседателот на ОО СДСМ Аеродром, Златко Марин, на денешната прес-конференција ги упати на сметка на Општина Аеродром, се во најмала рака смешни бидејќи со тоа СДСМ продолжува да се однесува како опозиција заборавајќи дека е власт, реагира Општина Аеродром.

„Доколку навистина има неправилности во работењето на Општина Аеродром, како што се тврди, вратите на Општината се отворени и државните органи, кои патем речено се под нивна команда, може слободно во секое време да дојдат и да проверат“, се вели во реакцијата.

Општина Аеродром, велат од таму, работи беспрекорно законски и транспарентно и досега, само во последните 4 години, се реализирани над 200 проекти во интерес на нејзините жители, нема ниту денар долг и има обезбедени средства за непречено функционирање во наредните 4 години.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Д-р Трајановски: Да го покажеме нашето единство, решителност и верба во подобра иднина

(ВИДЕО) Д-р. Трајановски: Поддршка на млади претприемачи

(ВИДЕО) Митевски: Не планирам изградба на монтажни гаражи во Аеродром

(ВИДЕО) Трајановски: Имаме конкретни приоритети за Лисиче, визија за похуман и безбеден Аеродром

Мицкоски: На 2 ноември потребна е мобилизација и секој еден глас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Избувна голем пожар на аеродромот во Дака, меѓународните летови се пренасочени