Општина Аеродром: Во Аеродром продолжува успешната имплементација на проектот за деца со атипичен развој

Од:

Нашата цел е на сите дечиња да им обезбедиме среќно и безгрижно детство. Во основното училиште ,,Александар Македонски” успешно се реализира проектот ,,Заиграј со нас” наменет за дечињата со атипичен развој информираат од Општина Аеродром.

-Во рамките на овој проект, децата добиваат часови со физички активности спроведени од тренери-асистенти.На еден од овие часови вчера присуствуваше и градоначалникот Тимчо Муцунски. Тој уште еднаш ја потврди посветеноста, поддршката и грижата на Општина Аеродром за сите дечиња се наведува во соопштението од Општината.

„Среќен сум што како локална самоуправа го поддржуваме проектот „Заиграј со нас“ кој е наменет за дечињата со атипичен развој. Ваквите активности и иницијативи имаат големо значење за овие дечиња, како и за нивните семејства затоа што тоа придонесува за подобрување на нивниот целокупен развој. Секој минута посветена на нив е всушност вложување во поубава и безгрижна иднина за секој еден од нив”, истакна градоначалникот.

– Како Општина Аеродром, со гордост можеме да потврдиме дека и во иднина остануваме посветени на ваквите активности и ќе даваме силна поддршка на ваквите и слични проекти порашуваат во соопштението од Општина Ардором.

Би можело да ве интересира

Град Скопје со кривична пријава против Јулијана Спироска, претседателка на Управниот одбор на Комунална Хигиена

Кривична пријава од општина Аеродром за Комунална хигиена

Започна првиот AERO Street Food Festival

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

Фестивал на улична храна во Аеродром

А1он

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода