Општина Аеродром: Во Аеродром конечно се гради и се инвестира, тоа е причина за нервозата во СДСМ

Од:

Денешното соопштение на СДСМ е школски пример за тоа како да напишеш нешто, а да не кажеш ништо. Напротив, уште еднаш да ја потврдиш тендерската матрица во која си влезен. СДСМ во денешното соопштение по којзнае кој пат покажа аматерско непознавање за проектите на Општина Аеродром. Денешното соопштение уште еднаш ја потврдува паниката во редовите на оваа партија, за фактот дека Аеродром забрзано се гради и развива, но и за фактот дека е ставен крај на делењето тендери по партиска директива и по желби на партии и партиски функционери се вели во реакцијата од Општина Аеродром на денешните прозивки од СДСМ Аеродром.

– Лесно е да се види што е сработено насекаде околу нас. За тоа говорат проектите, новите училишта, градинки, игралишта, улици и велосипедски патеки. Нема поубава слика од моментот кога ќе ги видиш радосните лица на дечињата кои трчаат на новото игралиште, спортистите што тренираат на спортските терени или велосипедистите кои возат по новите велосипедски патеки. Сработеното за само 365 дена е очигледно за сите аеродромци, а промената и разликата од претходните четири години е далеку повидлива во овој краток период. Токму поради тоа, времето потрошено за пишување бледи нарачани соопштенија со кои се врши обид да се лаже и замајува јавноста, подобро е да се потроши за читање и следење на реализираните проекти. Подобро е да се потроши на давање конструктивни идеи и предлози, а не на неиздржани критики зад кои се крие разочараноста од поразот по само четири години и губењето на можноста за раководење со тендерските постапки кои претходно ги користеа за личен и партиски бенефит. Доволно е да провери секојдневниот отчет на општината на Фејсбук или веб-страницата на Аеродром и сé ќе биде многу појасно. Жителите на Аеродром следат, знаат што се случува и повеќе од јасно им е дека Општина Аеродром се води домаќински, а парите наместо на луксузирање и непродуктивни трошоци завршуваат за проекти од кои бенефит имаат сите категории граѓани. Општина Аеродром, денес е општина во која се гради и инвестира, лидер во штедење, локална самоуправа во која се работи одговорно и не се троши на скапи ручеци, превоз и трошоци за репрезентација. Тие пари се вложуваат во нови градинки, училишта, игралишта и спортски центри. И тоа е болката на СДСМ. Првата година од работењето ја завршуваме со резултати, чесна и посветена работа. Така ќе продолжиме и во следните три години, затоа што граѓаните препознаваат локална самоуправа која се грижи за нивните потреби и ги решава нивните проблеми. Најубава општина во Скопје, и најубав Аеродром – таков каков што сакаат граѓаните. Тоа е нашето мото кон кое ќе продолжиме да работиме и во иднина, а лажните вести и смешните соопштенија пишувани во паника, се само потврда дека сме на вистинскиот пат кон остварување на оваа цел се наведува во соопштението од Општина Аеродром.

Би можело да ве интересира

„На дрзок и безобразен СДСМ продолжува да ја лаже и манипулира јавноста“, се вели во реакција на Општина Аеродром

Заслугата за новото училиште и новата градинка е на Градоначалникот Муцунски и пратениците од ВМРО ДПМНЕ реагираат од Општина Аеродром

Левица: Муцунски ги извиси спортските клубови во Општина Аеродром

Општина Аеродром: Коалицијата СДСМ и Арсовска продолжува да шири лаги и дезинформации

Муцунски: Преку континуирани инвестиции во нова опрема обезбедуваме подобри услови за учениците во Аеродром

Муцунски: Со силна заложба и континуирани инфраструктурни инвестиции до поубава и помодерна општина Аеродром