Општина Аеродром: ВМРО-ДПМНЕ лажат, во Долно Лисиче се реконструира главниот пат и 10 краци од водоводната мрежа

Од:

„ВМРО ДПМНЕ дрско лаже и залудно се труди да манипулира со граѓаните. Реконструкцијата на главниот пат, како и повеќе краци од водоводната мрежа во Долно Лисиче е веќе во тек, како и многу други проекти со кои ги решаваме проблемите на граѓаните, многу од нив наследени токму од претходното општинско раководство, предводено од ВМРО-ДПМНЕ.

Патот во Долно Лисиче целосно се обновува и проширува, со што долгорочно се решава повеќегодишниот проблем со несоодветна инфраструктура за локалното население. Овој проект предвидува градежни активности и материјали што се според највисоки меѓународни стандарди. Паралелно, се реконструираат и 10 краци на водоводната мрежа во Долно Лисиче. Сите овие активности се одвиваат токму на локацијата кадешто Дејан Митески ја држи оваа прес-конференција со која бесрамно ги лаже граѓаните.

Во однос на висината на комуналиите во Долно Лисиче, го потсетуваме Митески дека тие се веќе околу четирикратно пониски во споредба со делот од Општината кој е опфатен со Генералниот урбанистички план. Она што е клучно е дека средствата од комуналиите се уплаќаат во општинскиот буџет за да можат да се реализираат инфраструктурните проекти кои се најважни за квалитетот на животот на граѓаните.

Општина Аеродром и понатаму продолжува да работи исклучиво во интерес на сите граѓани поеднакво. Ги повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да престанат со десткруктивното делување и да ни се придружат за заеднички да создадеме подобри услови за живот во Аеродром“, се вели во реакцијата на Општина Аеродром на изјавите од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

46-годишна жена е пронајдена мртва во стан во Аеродром

Горан Наумовски

Казна од 20.000 евра за нелегално фрлање отпад во Општина Аеродром

Наставничка е нападната додека држеше родителска од мајка на ученик

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Сите резиденти на Аеродром ќе може да паркираат на сите зони во општината без надоместок

Хаос во Амстердам: Поради невреме откажани над 800 летови на „Шипхол“

Поради намалена видливост откажани се 20 летови

Предраг Петровиќ