Општина Аеродром: Вестите поврзани со изградба на згради во Лисиче, се целосна лага, невистина и дезинформација

Од:

Нема крај на фантазијата, лажните вести и дезинформациите пласирани од страна на СДСМ. Политичката партија не престанува да шири лаги и дезинформации во јавноста. Најкорумпираната партија во Македонија, најмалку што треба е да обвинува за корупција, онаму каде што се работи одговорно и чесно и каде се реализираат проекти за граѓаните се вели во демантот од Општина Аеродром кој е реакција на обвинувањата од СДСМ за бетонизација на Лисиче.

– СДСМ најмалку што можат да зборуваат за бетонизација, дивоградби и криминал затоа што тоа е политичката партија која е позната по високите провизии, спорните договори во четири очи, незаконските надзори, багателната продажба на земјиште на брачни партнери, класифицирани и сомнителни милионски договори и уште низа криминални тендери и зделки. Во суштина зад лажните обинувања и наводната ‘бетонизации’ во Лисиче, се крие непотизмот и обидот за замајување на јавноста од продажбата на државно земјиште по нереално ниски цени, милионските суми испумпани од буџетот и тоа со бизнис партнери кои имаат сомнителна позадина. Овие празнични денови, на дневен ред за споделување лажни вести од тендер партијата е ДУПот во дел од Лисиче за кој во неколку наврати потенциравме дека станува збор за процес кој е почнат во 2019-та година, а кој решава сериозни урбанистички проблеми за граѓаните во овој дел од општината. Уште еднаш потенцираме дека вестите поврзани со изградба на згради во Лисиче, се целосно лага, невистина и дезинформација. Посочениот ДУП се уште е во фаза на анкета и финалната верзија ќе биде изработена по завршувањето на консултациите со јавноста. Општина Аеродром ги стави на увид на граѓаните и медиумите сите документи поврзани со овој ДУП и уште еднаш ги повикуваме граѓаните да дадат свое мислење и забелешка по истите. Ние ништо не криеме, работиме транспаретно и нашите документи нема потреба да бидат класифицирани. И на крајот уште еднаш потсетуваме дека ниту една лажна афера и дезинформација нема да го тргне вниманието на јавноста од лошите политики на власта и нема да ја намали разочараноста на граѓаните од лошата економска состојба во која СДСМ ја донесе државата, се наведува во демантот од Општина Аеродром.

Би можело да ве интересира

Аеродром, Гостивар и Сарај со В.Д. градоначалници до следните избори, помина Законот за локална самоуправа

Општина Аеродром: Град Скопје и ЈСП го оставија Долно Лисиче без градски превоз

Се нормализира состојбата во Аеродром по вчерашното невреме

Дејан Митески е новиот заменик-градоначалник на Општина Аеродром

Општина Аеродром: Нема бетонизација во Лисиче, ќе се гради една зграда и два парка

СДСМ: Муцунски и ДПМНЕ на шверцерски начин го изгласаа срамниот ДУП за бетонизацијата на Лисиче