Општина Аеродром субвенционира печки на пелети

Од:

Денеска Општина Аеродром објави јавен повик за надоместување на дел од трошоците за набавка на печки на пелети за граѓаните на нејзината територија.

Целта на овој пилот-проект, соопштуваат од Општината е да се премине кон еколошки систем на загревање со стимулирање на жителите на Аеродром, поточно домаќинствата, да користат почист огревен материјал и поквалитетни печки за затоплување на своите домови ‒ за повисока енергетска ефикасност и помалку штетни емисии во воздухот, како дел од мерките против загадувањето.

Јавниот повик ќе трае до 3 декември 2018 година и ќе биде реализиран по принципот „прв дојден прв услужен“. На овие граѓани Општина Аеродром ќе им субвенционира околу 50 отсто од трошоците за набавка на печка на пелети, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.

Општина Аеродром за овој проект издвои 500 илјади денари од својот буџет.

Повеќе детали за критериумите и за начинот на аплицирање на следниов линк: http://www.aerodrom.gov.mk/vest/2011.

Би можело да ве интересира

Mакедонски државјанин уапсен на аеродромот во Загреб – допираше 15 годишно девојче во авион

А1он

Во стан во Аеродром е пронајдена почината 65-годишна жена

Трет дрон и експлозиви пронајдени во близина на Лајпциг: Истрагата за нападот на аеродромот открива повеќе индиции

Аеродромот во Истанбул вчера постави рекорд по бројот на патници

А1он

Обвинителството побара мерки за претпазливост за малолетниците кои во Аеродром тепаа и со мобилни ја снимаа жртвата

Горан Наумовски

37-годинашна жена од Аердром е пронајдена мртва во својот стан

Горан Наумовски