Општина Аеродром стана дел од „Мрежата на силни градови“ во која членуваат повеќе од 185 градови и општини ширум светот

Од:

Општина Аеродром и официјално стана дел од „Мрежата на силни градови“ во која членуваат повеќе од 185 општини и градови, ширум светот. „Strong Cities“ е мрежа која обединува општини и градови од целиот свет и служи како платформа преку која се развиваат иницијативи за меѓусебна соработка, програми за размена на млади, како и размена на искуства и заедничко дејствување за справување со прашањата поврзани со булингот, говорот на омраза, екстремизмот и слични проблеми.

„Восхитени сме од можност да и посакаме добредојде на Општина Аеродром во „Мрежата на силни градови“, стои во објавата на фејсбук страната на мрежата притоа додавајќи дека со нетрпение очекуваат да соработуваат со градоначалникот Тимчо Муцунски и Општина Аеродром, кои се дел од мрежа која брои повеќе од 185 општини, посветени на решавање на проблемот со омразата, екстремизмот и поларизацијата.

Градоначалникот Муцунски споделувајќи ја веста на својот фејсбук и инстаграм профил потенцираше дека членството на Општина Аеродром во меѓународните мрежи и организации е потврда за посветеност во решавањето на клучните предизвици со кои се соочуваат граѓаните и општеството, но и доказ за меѓународната поддршка и соработка која општината и градоначалникот ја имаат со своите пријатели и партнери, од ЕУ и светот.

„Горд сум што како градоначалник на Аеродром, низ оваа и слични иницијативи, успеваме да ја доближиме општината до сите регионални, европски и светски иницијативи, каде преку меѓусебна поддршка ќе создадеме средина која е развиена, инклузивна и креира можности за граѓаните“, истакна Муцунски во својата објава.

Би можело да ве интересира

Трајановски: Со ваша поддршка кон подобра иднина на Аеродром

А1он

Град Скопје со кривична пријава против Јулијана Спироска, претседателка на Управниот одбор на Комунална Хигиена

Кривична пријава од општина Аеродром за Комунална хигиена

Започна првиот AERO Street Food Festival

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

Фестивал на улична храна во Аеродром

А1он