Општина Аеродром: „Спортуваме за Аеродром“ – илјадници скопјани на одбележување на роденденот на општината

Од:

„Спортуваме за Аеродрoм“ ова саботно утро ги собра граѓаните на Аеродром и скопјани на настанот кој општината го организираше во рамки на одбележувањето на 18 години постоење на Општина Аеродром. Со низа спортски активности, маскоти, училишни точки, презентација на полицијата и војската денес во паркот „Авионче“ општината Аеродром го одбележа својот роденден информираат од општината.

„Денешниот настан е уште еден потврда дека Општина Аеродром е најспортска, најзелена и најурбана општина. Тоа е реалност која ние во континуитет ја градиме и одржуваме. Истовремено ние сме локална самоуправа која инвестира во спортот, здравиот живот и правилниот развој и раст на најмладите. Се радувам што во толкав голем број, денес сите заедно одбележавме еден важен датум за нашата општина. Во текот овој месец, продолжуваме со низа инвестиции и проекти за поубава, поспортска и позелена општина“, истакна градоначалникот Муцунски во својата објава.

Од Општина Аеродром имформираат и дека денешниот настан освен спортско – рекреативен и забавен карактер имаше и хуманитарен карактер, присутните имаат можност да донираат средства за младиот Никола Ѓорѓиев.

Би можело да ве интересира

Трајановски: Со ваша поддршка кон подобра иднина на Аеродром

А1он

Град Скопје со кривична пријава против Јулијана Спироска, претседателка на Управниот одбор на Комунална Хигиена

Кривична пријава од општина Аеродром за Комунална хигиена

Започна првиот AERO Street Food Festival

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

Фестивал на улична храна во Аеродром

А1он