Општина Аеродром со поддршка за лицата со аутизам од здружението „Во мојот свет“

Од:

Општина Аеродром ќе помогне со 300.000 денари и ќе ја продлабочи соработката со Здружението на граѓани за третман на лица со аутизам, АДХД и аспергеров синдром „Во мојот свет“.

На средбата со претставници на „Во мојот свет“, Општината договорила да се одобрат финансиски средства за вработување на две нови стручни лица во втора смена, како и дека ќе помогне здружението да добие нови простории.

– Воедно, ќе придонесеме и во заложбите да се организира меѓународна конференција посветена за оваа проблематика. Ветувам дека ќе ја продлабочиме соработката и очекувам уште многу корисни заеднички проекти со цел максимална инклузија за секој граѓанин!, вели градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин.

Би можело да ве интересира

Хаос во Амстердам: Поради невреме откажани над 800 летови на „Шипхол“

Поради намалена видливост откажани се 20 летови

Предраг Петровиќ

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, откажани и одложени повеќе летови

Каја Калас и тројца европски лидери заглавија на аеродромот во Франкфурт

А1он

(ВИДЕО) Д-р Трајановски: Да го покажеме нашето единство, решителност и верба во подобра иднина

(ВИДЕО) Д-р. Трајановски: Поддршка на млади претприемачи