Општина Аеродром: Службите работат на отстранување на последиците од невремето во Аеродром

Од:

Краткотрајното, но силно невреме кое попладнево го зафати главниот град, предизвика пречки во нормалното функционирање во неколку населени места во општина Аеродром. Пречките, првенествено се однесуваат во делот на инфрастуктурата поврзана со телефонијата и електричната енергија информираат од Општина Аеродром.

– Општинските служби се излезени на терен со цел детектирање, навремено санирање на штетите и отстранување на настанатите пречки. Тие преземаат мерки за дислоцирање на паднатите дрва и се во редовна комуникација со телекомуникациските компании и ЕВН Македонија. Апелираме до граѓаните за пријава на проблеми и споделување информации да ги контактираат службите на Јавното претпријатие за јавно осветлување (071252634) и на Општина Аеродром (071327088), се вели во соопштението од Општината.

Би можело да ве интересира

Трајановски: Со ваша поддршка кон подобра иднина на Аеродром

А1он

Град Скопје со кривична пријава против Јулијана Спироска, претседателка на Управниот одбор на Комунална Хигиена

Кривична пријава од општина Аеродром за Комунална хигиена

Започна првиот AERO Street Food Festival

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

Фестивал на улична храна во Аеродром

А1он