Обидите за детектирање корупција најпрво треба да започнат од редовите на СДСМ затоа што оваа политичка партија и владата предводена од СДСМ е пример за корупција и работење спротивно на законите. СДСМ наместо да шири дезинформации треба да даде одговор дали и кога ќе побара одговорност и постапување на Комисијата за спречување на корупција за крупните бизнис зделки и продажба на земјиште за блиски роднини на Ковачевски и Богоев. Доколку градоначалникот на Аеродром сега беше од редовите на СДСМ наместо ДУП за Лисиче таму ќе никнеше хотел со пет ѕвездички, сопственост на блиски роднини на високото раководство на СДСМ, реагираат од Општина Аеродром.
„Јавен податок кој никој не може да го оспори е фактот дека конкретниот ДУП за кој оваа политичка партија говори, е започната токму во време кога СДСМ раководи со општината, во најлошиот период за Општината Аеродром кога не е реализиран ниту еден проект и напротив парите на граѓаните се трошеле недомаќински и спротивно на законите. Одговорот на прашањата кои СДСМ секојдневно ги поставува треба да го побараат од претходниот градоначалник или од раководството на СДСМ по чија директива работел тој.
Работењето во согласност со законите и ставањето крај на бизнисите на СДСМ во Аеродром веројатно е факт кој оваа политичка партија не може да го прифати. Фактот дека во Аеродром се работи транспарентно и не поминуваат бизнисите на Марин, Ковачевски и Богоев е најголемата причина за нервозата во оваа политичка партија. Конфорната бизнис зона во која оваа политичка партија се наоѓаше, заврши пред повеќе од една година со промената на власта и доаѓањето на градоначалникот Муцунски во Аеродром.
Уште еднаш ја повикуваме оваа политичка партија да престане да шири дезинформации и изворите на криминал и корупција да ги бара во своите редови. Општина Аеродром е посветена на развојот, хуманата урбанизација и реализацијата на проекти за граѓаните. Во овој период на територијата на Општина Аеродром се реализираат неколку важни проекти кои ќе донесат поубава и позелена општина“, се додава во реакцијата на Општина Аеродром.