Општина Аеродром: Разбиен е монополот на СДСМ со храна во училиштата

Од:

После четири години, конечно е разбиен монополот кој СДСМ го создаде во Општина Аеродром. Монопол овозможен од партијата, поврзан со набавка на ужина и топол оброк во основните училишта. Наместо монопол и селекција на една фирма која ќе го врши снабдувањето, од оваа година е воведен нов модел кој става крај на минатата злоупотреба на власта велат од Општина Аердодром.

– Новиот модел покрај тоа што стави крај на оваа злоупотреба на локалната власт, истовремено обезбеди и можност за секое училиште заедно со советот на родители и училишниот одбор, да избере каква храна ќе добијат нивните деца. На овој начин, приоритетот се става на децата, а не на профитот и партиски калкулации, како што тоа СДСМ го правеше до сега. СДСМ пред само два дена ширеше лажни и тендециозни информации на оваа тема, погодени од фактот што нивната шема на монопол после четири години е разбиена. Во таа смисла, заклучно со денешниот ден, сите основни училишта на територија на Општината имаат склучено договор за снабдување со топол оброк и ужина. Децата се нашиот приоритет, а искоренувањето на корупцијата стратешка определба на општината Аеродром. Веќе една година, работиме плански, организирани и транспарентно. Граѓаните знаат дека Општина Аеродром ја искоренува корупцијата и дека дојде крајот на сомнителни тендери, за кои и повеќе институции во моментот водат соодветни истраги се вели во соопштението од Општина Аеродром.

Би можело да ве интересира

Град Скопје со кривична пријава против Јулијана Спироска, претседателка на Управниот одбор на Комунална Хигиена

Кривична пријава од општина Аеродром за Комунална хигиена

Започна првиот AERO Street Food Festival

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

Фестивал на улична храна во Аеродром

А1он

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода