Општина Аеродром: Продолжуваат актвностите за чистење на Аеродром, исчистени депонии на неколку локации во општината

Од:

Оваа недела ја завршуваме со уште една успешна акција за чистење на депониите што се формираат околу контејнерите, станбените згради и јавните и зелени површини на повеќе локации низ Општина Аеродром информираат од Општината.

– Одржувањето на јавните и зелените површини и грижата за здрава и чиста животна средина се приоритет во работењето на Општина Аеродром, продолжуваат активностите за чистење на депониите во општината. Во новата 2023 година, во општината отпочна воведувањето на нов начин на организација и работа на комуналните служби. Покрај реорганизацијата во тековното работење и одржувањето на јавната хигиена, службите на Општина Аеродром секојдневно ги следат состојбите на терен, се мапираат локациите каде се концентрира поголемо количество отпад и се постапува во најбрз можен рок. Одговорноста за чиста и здрава средина се однесува првенствено на нас како локална самоуправа, но истовремено и на граѓаните и компаниите во општината. Општината ќе ги преземе сите дејствија насочени кон подобрување на состојбата со дивите депонии. Истовремено апелираме до сите граѓани да го одложуваат отпадот во согласност со сите правила и прописи се вели во соопштението од Општина Аеродром.

Би можело да ве интересира

Започна првиот AERO Street Food Festival

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

Фестивал на улична храна во Аеродром

А1он

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода

СДСМ: Нула нови градинки за 4 години во Аеродром, околу 700 деца чекаат за запишување секоја година

Трагедијата во Кочани ги покрена градоначалниците: контроли во угостителски објекти, проверка на училишта и градинки

Катерина Ѓуровски