Општина Аеродром продолжува со инвестициите во образовната и спортската инфраструктура

Од:

Основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Острово по многу години ќе добие соодветни модерни и современи услови за настава, релаксација, спорт и рекреација на учениците.

Со оваа инвестиција на Општина Аеродром и со голема поддршка на општествено-одговорна компанија, „Браќа Миладиновци” ја почнува постапката за целосна обнова, со што ќе биде направена првата училница на отворено во Аеродром, реконструкција на спортското игралиште во училишниот двор, чекори кон обезбедување нова фасада, како и модерно и современо надворешно уредување за релаксација и едукација на учениците, велат од Општината.

Новиот атриум ќе се наоѓа во задниот дел на училишната зграда, а во иднина ќе се користи како летна училница за сите ученици, со што ќе добијат нов уникатен начин на поминување на наставата во релаксирана средина. Сето ова насочување кон воведување на нова пракса и поинакви услови од постојните, цели кон исполнување на современите европски стандарди, каде што убавото време во училиштата секогаш се користи за учење и рекреација.

Инвестициите во најмладите остануваат наш приоритет и учениците од сите основни училишта во иднина ќе ги добијат сите соодветни услови за современо, модерно и квалитетно образование, се наведува во соопштението на Општина Аеродром.

Би можело да ве интересира

Започна првиот AERO Street Food Festival

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

Фестивал на улична храна во Аеродром

А1он

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода

СДСМ: Нула нови градинки за 4 години во Аеродром, околу 700 деца чекаат за запишување секоја година

Трагедијата во Кочани ги покрена градоначалниците: контроли во угостителски објекти, проверка на училишта и градинки

Катерина Ѓуровски