Општина Аеродром почнува еко-акција

Од:

Општина Аеродром денеска почнува еко-акција со која се уредуваат јавните зелени површини кои се под нејзина надлежност.

Комуналните служби на општина Аеродром, почнувајќи од населбата Мичурин, во наредните денови ќе ги опфатат сите реони, а пролетната акција вклучува косење трева, собирање гранки и шут, како и метење на улиците и паркинзите.

Општина Аеродром информира дека во текот на овој месец е планирана и акција за расчистување на дивите депонии на различни локации во општината.

Со цел подигање на еко-свеста кај населението, инспекциските служби на општина Аеродром почнуваат едукативна кампања, преку која на терен ќе ги информираат граѓаните за Законот за јавна чистота и казните кои следуваат за негово непочитување.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Д-р Трајановски: Да го покажеме нашето единство, решителност и верба во подобра иднина

(ВИДЕО) Д-р. Трајановски: Поддршка на млади претприемачи

(ВИДЕО) Митевски: Не планирам изградба на монтажни гаражи во Аеродром

(ВИДЕО) Трајановски: Имаме конкретни приоритети за Лисиче, визија за похуман и безбеден Аеродром

Мицкоски: На 2 ноември потребна е мобилизација и секој еден глас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Избувна голем пожар на аеродромот во Дака, меѓународните летови се пренасочени