Општина Аеродром: „Островска“ и Лисиче после долго време добиваат нов и модерен мултифункционален комплекс

Од:

Денеска официјално започнаа активностите за уредување на новиот мултифункционален комплекс, лоциран на „Островска“ во Лисиче. После долг временски период, граѓаните од овој дел на Аеродром, добиваат нов простор за спорт, рекреација, прошетка и исполнување на слободното време. Еден стар и запуштен дел од Аеродром, конечно ќе добие нов, модерен и современ изглед.

„Токму денеска, на оваа локација присуствувавме на официјалното отпочнување на активностите за реконструкција и осовременувањето на спортскиот терен, како и уредувањето на околниот простор што опфаќа изведба на детско игралиште, поставување на павер елементи, клупи, модерно лед – осветлување, пешачка патека и нови садници во целиот простор. Комплекс кој треба да овозможи содржини за сите возрасти, за спортистите, рекреативците, но и оние кои уживаат во мирниот маалски живот во Аеродром“, напиша градоначалникот Муцунски на својата Фејсбук страна.

Реализирањето на оваа нова капитална инвестиција е целосно финансирана од Буџетот на општината и таа е дел од пролетната градежна офанзива за позелена, поурбана и поубава општина, велат од Општината Аеродром.

Би можело да ве интересира

Трајановски: Со ваша поддршка кон подобра иднина на Аеродром

А1он

Град Скопје со кривична пријава против Јулијана Спироска, претседателка на Управниот одбор на Комунална Хигиена

Кривична пријава од општина Аеродром за Комунална хигиена

Започна првиот AERO Street Food Festival

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

Фестивал на улична храна во Аеродром

А1он