А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Општина Аеродром ослободи од работа 69 лица поради загадувањето

by А1он28/12/2017 - 13:53136
Share0

Следејќи ги препораките на Министерството за животна средина и просторно планирање и соодветно сопствените заложби, Општина Аеродром ослободи од работни обврски вкупно 69 лица.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, а се во работен однос со Општина Аеродром, без разлика на возраста, денеска се ослободени од работни обврски. Конкретно, станува збор за 42 сезонски работници, 5 вработени од општинската администрација и 22 од кадарот на градинките и училиштата на територија на Општина Аеродром“, соопшти Општината.

Исто така, работниците на отворено ќе работат од 11 до 17 часот сè додека е надминат прагот на алармирање.

„Апелираме до граѓаните да ги следат препораките од надлежните институции во однос на намалување на загадувањето и ги замолуваме за разбирање доколку настане привремен застој во работењето на комуналните служби заради ослободување на речиси половина од сезонските работници“, велат од Општината.

Следете a1on на Youtube YouTube
aerodrom

Би можело да ве интересира

Обвинителството побара мерки за претпазливост за малолетниците кои во Аеродром тепаа и со мобилни ја снимаа жртвата

Горан Наумовски10/07/2026 - 14:1710/07/2026 - 14:21

37-годинашна жена од Аердром е пронајдена мртва во својот стан

Горан Наумовски07/07/2026 - 14:4807/07/2026 - 16:37

Маж од Аеродром е пронајден мртов во својот дом

Горан Наумовски21/06/2026 - 14:0921/06/2026 - 14:09

46-годишна жена е пронајдена мртва во стан во Аеродром

Горан Наумовски18/05/2026 - 13:1618/05/2026 - 14:00

Казна од 20.000 евра за нелегално фрлање отпад во Општина Аеродром

Горан Наумовски11/05/2026 - 11:31

Наставничка е нападната додека држеше родителска од мајка на ученик

Горан Наумовски16/04/2026 - 14:2516/04/2026 - 14:26
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто