Општина Аеродром: Очигледно СДСМ го пропуштиле утринското соопштение, за учениците се веќе обезбедени и ужината и топлиот оброк

Од:

​„Разобличувањето на монополот и злоупотребата на власта од страна на СДСМ не ја спречи поранешната владејачка гарнитура во Аеродром да продолжи со пласирањето на дезинформации и лажни вести“, реагира Општина Аеродром на прес-конференцијата на СДСМ.

„Очигледно, СДСМ го пропуштиле утринското соопштение на Општина Аеродром во кое беше истакнато дека за учениците се веќе обезбедени и ужината и топлиот оброк.

Најостро ги отфрламе ваквите лажни и неосновани обвинувања, чија крајна цел е единствено нарушување на угледот и работата на градоначалникот Тимчо Муцунски и на општинската администрација, како и внесување непотребна вознемиреност кај родителите и децата на стартот од оваа учебна година.

Оттука ги повикуваме оние кои ги шират ваквите лаги од понеделник да направат обиколка низ училиштата и лично да се уверат дека е обезбедена храна за учениците, по што очекуваме јавно да се извинат за изнесените шпекулации“, се додава во соопштението на Оптина Аеродром.

Би можело да ве интересира

Започна првиот AERO Street Food Festival

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

Фестивал на улична храна во Аеродром

А1он

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода

СДСМ: Нула нови градинки за 4 години во Аеродром, околу 700 деца чекаат за запишување секоја година

Трагедијата во Кочани ги покрена градоначалниците: контроли во угостителски објекти, проверка на училишта и градинки

Катерина Ѓуровски