Општина Аеродром: Обвинувањата од Јакимовски за наводно посредување за вработување од Муцунски за советник на ГРОМ се груба лага и невистина

Од:

Советот на Општина Аеродром и градоначалникот Тимчо Муцунски имаат одлична соработка, а советничката група на ВМРО-ДПМНЕ има апсолутно мнозинство, така што голем дел од одлуките се носат консензуално, со вклучување на сите партии кои се дел од советот. Оттаму, обвинувањата што Стевче Јакимовски денеска ги изнесе на прес-конференција за наводно посредување за вработување од страна на градоначалникот Муцунски за советник на ГРОМ се груба лага и невистина, реагираат од Општина Аеродром на прес-конференцијата на Јакимовски.

„За да се изнесе вакво тенденциозно тврдење пред македонската јавност, Јакимовски треба да располага со конкретен доказ со што би се докажало евентуалното влијание на градоначалникот Муцунски.

Доколку Јакимовски поседува доказ за такво нешто, го повикуваме јавно да го приложи, а доколку го нема, само докажува дека неговата политичка култура е на најниско ниво. Како политичар и народен избраник за неговата позиција, тој треба да се занимава со прашања за кои е избран, а не да се служи со политиканство, измами и лаги.

И покрај тоа што изнесува лаги и манипулации за градоначалникот на Општина Аеродром, Муцунски на Стевчо Јакимовски му посакува добро здравје и работа насочена кон граѓаните на Карпош. Впрочем, тој беше избран од граѓаните на Аеродром и во неговата кампања пред нив чесно вети дека ќе работи во служба на народот и ќе ја промени негативната перцепција за македонската политика, бидејќи граѓаните сакаат подобар живот, резулатите и проекти“, се додава во соопштението на Општината.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром: Нема бетонизација во Лисиче, ќе се гради една зграда и два парка

СДСМ: Муцунски и ДПМНЕ на шверцерски начин го изгласаа срамниот ДУП за бетонизацијата на Лисиче

„На дрзок и безобразен СДСМ продолжува да ја лаже и манипулира јавноста“, се вели во реакција на Општина Аеродром

Заслугата за новото училиште и новата градинка е на Градоначалникот Муцунски и пратениците од ВМРО ДПМНЕ реагираат од Општина Аеродром

Левица: Муцунски ги извиси спортските клубови во Општина Аеродром

Општина Аеродром: Коалицијата СДСМ и Арсовска продолжува да шири лаги и дезинформации