Општина Аеродром објави јавен повик за финансиска поддршка за развој на спортот

Од:

Општина Аеродром објави јавен повик за доделување финансиска поддршка на спортските клубови и здружение кои дејствуваат на територијата на општина Аеродром. Финансиската поддршка доделува со цел подобрување на условите за професионален и рекреативен спорт во општината.

Поддршката е предвидена во неколку различни категории и тоа за:

– Спортски клубови и спортски здруженија

– Реализација на спортски манифестации

– Развој на училишниот спорт

– Надградување на квалитетот на часовите по физичко и здравствено воспитување

– Развој на спортот во делот на инклузија на учениците со атипичен развој

– Развој на женскиот спорт

Рокот за поднесување на пријавите е седум работни денa, почнувајќи од 24 февруари, а сите услови и документи кои се потребни можат да се видат на следниов линк: http://bit.ly/3ZlDYd7

Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку пошта, на адреса: Општина Аеродром бул. „Јане Сандански“ 109 Б,1000 Скопје или во архивата на Општината секој работен ден.

Пријавите и документацијата се доставуваат во затворен плик со ознака „Не отворај“ и со назнака „За јавен оглас за финансиска поддршка на спортски клубови, спортски здруженијаи здруженија на граѓани, кои организираат спортски манифестации“.

Би можело да ве интересира

Решението за опасната крстосница кај „Љубен Лапе“ заглавено во институционални лавиринти

Протест пред „Љубен Лапе“ во Аеродром, се бара решение за небезбедната крстосница до училиштето

Катерина Ѓуровски

Аеродром, Гостивар и Сарај со В.Д. градоначалници до следните избори, помина Законот за локална самоуправа

Општина Аеродром: Град Скопје и ЈСП го оставија Долно Лисиче без градски превоз

Се нормализира состојбата во Аеродром по вчерашното невреме

Дејан Митески е новиот заменик-градоначалник на Општина Аеродром