Општина Аеродром: ​Новогодишниот базар-фест „Подари среќа“ ја разубави претпразничната атмосфера

Од:

Во Општина Аеродром, зад „Капитол мол“, изминатите два дена се одржа дводневен новогодишен хуманитарен базар „Подари среќа“, на кој граѓаните се вклучија во хуманитарната акција и купувајќи новогодишни честитки и рачни изработки донираа за оние на кои им е најпотребно.

Градоначалникот Муцунски ги посети штандовите на дечињата од основните училишта и истакна дека овие денови во Аеродром се синоним за хуманост, забава и радост. Во духот на новогодишните празници, со „Подари среќа“ ја донесовме новогодишната магија на улиците во општината.

„Старата година ја испраќаме со еден убав и хуманитарен настан кој ќе прерасне во традиција во Аеродром. За следната најавуваме уште многу проекти и содржини со кои животот на аеродромци ќе го направиме поведар и поубав“, истакна Муцунски.

Посетителите на овогодинешниот базар уживаа во претпразничната атмосфера со придружна забава за која се погрижија македонските музички ѕвезди меѓу кои Викторија Лоба, Лара Иванова, Сара Мејс, Фиц енд Д’ инвизиблс – Студени Нозе грејтест Хитс.

Најмалите аеродромци претходните два дена уживаа во настапите на Светот на Биби, детскиот хор Поточиња, посета од Дедо Мраз и омилените новогодишни песнички. На базарот беа поставени дрвени куќарки каде се служеше храна и топли пијалоци.

Собраните средства од дводневниот базар ќе бидат наменети за семејствата на кои им е неопходна финансиска помош.

Општина Аеродром останува посветена на заложбата за организирање забавни настани наменети за дружба на сите генерации аеродромци, а чиј хуманитарен карактер овозможува да го разубавиме новогодишниот и празничен период на оние на кои тоа им е потребно.

Би можело да ве интересира

Трајановски: Со ваша поддршка кон подобра иднина на Аеродром

А1он

Град Скопје со кривична пријава против Јулијана Спироска, претседателка на Управниот одбор на Комунална Хигиена

Кривична пријава од општина Аеродром за Комунална хигиена

Започна првиот AERO Street Food Festival

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

Фестивал на улична храна во Аеродром

А1он