Општина Аеродром: Непријатниот мирис и чад што се шират во Аеродром доаѓаат од околината на градот

Од:

По реакциите од страна на граѓаните на Општина Аеродром за непријатниот мирис кој се шири на територијата на општината, општинските инспектори вчера попладне излегоа на терен, при што затекнаа пожар во близина на препумпната станица „Лисиче“, а истиот беше веднаш локализиран од страна на противпожарната служба. Но, овој пожар не претставува причина за чадот кој се ширеше на територија на Општина Аеродром информираат од Општината.

– Воедно, од нивна страна беше констатирано дека чадот и мирисот се предизвикани од пожари кој доаѓа од други општини во градот Скопје и околината. Во насока на решавање на проблемот, а со оглед на тоа дека надлежностите на општинскиот инспекторат се само на нашата територија, Општина Аеродром во неколку наврати реагираше за нивно гасење. Во оваа прилика уште еднаш ги повикуваме надлежните служби да ги преземат сите неопходни мерки за решавање на проблемот. Општина Аеродром и понатаму стои на располагање за решавање на сите проблеми кои се во надлежност на општината, се вели во соопштението од Општина Аеродром.

Би можело да ве интересира

Трајановски: Со ваша поддршка кон подобра иднина на Аеродром

А1он

Град Скопје со кривична пријава против Јулијана Спироска, претседателка на Управниот одбор на Комунална Хигиена

Кривична пријава од општина Аеродром за Комунална хигиена

Започна првиот AERO Street Food Festival

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

Фестивал на улична храна во Аеродром

А1он