Општина Аеродром: Нема крај на фантазијата, лажните вести и дезинформациите пласирани од страна на СДСМ

Од:

Нема крај на фантазијата, лажните вести и дезинформациите пласирани од страна на СДСМ. Политичката партија не престанува да шири лаги и дезинформации во јавноста. Најкорумпираната партија во Македонија, најмалку што треба е да обвинува за корупција, онаму каде што се работи одговорно и чесно и каде се реализираат проекти за граѓаните. СДСМ најмалку што можат да зборуваат за бетонизација, дивоградби и криминал затоа што тоа е политичката партија која е позната по високите провизии, спорните договори во четири очи, незаконските надзори, багателната продажба на земјиште на брачни партнери, класифицирани и сомнителни милионски договори и уште низа криминални тендери и зделки, се вели во реакција на Општина Аеродром.

„Во суштина зад лажните обинувања и наводната ‘бетонизации’ во Лисиче, се крие непотизмот и обидот за замајување на јавноста од продажбата на државно земјиште по нереално ниски цени, милионските суми испумпани од буџетот и тоа со бизнис партнери кои имаат сомнителна позадина.

Овие празнични денови, на дневен ред за споделување лажни вести од тендер партијата е ДУПот во дел од Лисиче за кој во неколку наврати потенциравме дека станува збор за процес кој е почнат во 2019-та година, а кој решава сериозни урбанистички проблеми за граѓаните во овој дел од општината. Уште еднаш потенцираме дека вестите поврзани со изградба на згради во Лисиче, се целосно лага, невистина и дезинформација. Посочениот ДУП се уште е во фаза на анкета и финалната верзија ќе биде изработена по завршувањето на консултациите со јавноста.

Општина Аеродром ги стави на увид на граѓаните и медиумите сите документи поврзани со овој ДУП и уште еднаш ги повикуваме граѓаните да дадат свое мислење и забелешка по истите. Ние ништо не криеме, работиме транспаретна и нашите документи нема потреба да бидат класифицирани. И на крајот уште еднаш потсетуваме дека ниту една лажна афера и дезинформација нема да го тргне вниманието на јавноста од лошите политики на власта и нема да ја намали разочараноста на граѓаните од лошата економска состојба во која СДСМ ја донесе државата. Ви ги честитаме велигденските празници и ви посакуваме одлично здравје, љубов и среќа“, велат од општината.

Би можело да ве интересира

Аеродром, Гостивар и Сарај со В.Д. градоначалници до следните избори, помина Законот за локална самоуправа

Општина Аеродром: Град Скопје и ЈСП го оставија Долно Лисиче без градски превоз

Се нормализира состојбата во Аеродром по вчерашното невреме

Дејан Митески е новиот заменик-градоначалник на Општина Аеродром

Општина Аеродром: Нема бетонизација во Лисиче, ќе се гради една зграда и два парка

СДСМ: Муцунски и ДПМНЕ на шверцерски начин го изгласаа срамниот ДУП за бетонизацијата на Лисиче