Општина Аеродром: Левица е лидер во непознавање на законите, лажни вести и манипулација на граѓаните

Од:

Лидерите во објавување на непознавање на законите и надлежностите, дезинформациите и лажните вести денеска повторно се во акција. По којзнае кој пат, политичката партија „Левица“ со неточни информации и лажни вести ја замајува јавноста, пробувајќи да изгради лажна слика за она што се случува и да ја префрли одговорноста во име на оние со кои коалицираат велат од Општина Аеродром.

– Рампата поставена на Кејот на Вардар во Аеродром, нема никаква врска со Општина Аеродром. И тие многу лесно можат да го проверат тоа затоа што се во коалиција со раководството на градот Скопје кое по којзнае кој пат креира проблеми, наместо да креира решенија. Токму политичката партија Левица, односно креаторите на лажните вести се дел од политичката група во Градот Скопје која наместо да ги решава проблемите на граѓаните на Аеродром, тие поставуваат рампи со кои се ограничува движењето на граѓаните на општината. Надлежноста на општина Аеродром во конкретниот случај е јасна. Таа може да му наложи на инвеститорот да го обезбеди местото за градба. Тоа е сторено од страна на општината Аеродром и тој има обврска истото да го направи во рок утврден од страна на Општина Аеродром. Сите други вести и информации, поврзани со овој настан се неточни и лажни. Тие се креирани во партиските штабови на политичката партија која ја штити партијата на власт и ја поддржува градската власт. Политичка партија која креира проблеми и шири лаги и дезинформации помеѓу граѓаните.

Би можело да ве интересира

„На дрзок и безобразен СДСМ продолжува да ја лаже и манипулира јавноста“, се вели во реакција на Општина Аеродром

Заслугата за новото училиште и новата градинка е на Градоначалникот Муцунски и пратениците од ВМРО ДПМНЕ реагираат од Општина Аеродром

Левица: Муцунски ги извиси спортските клубови во Општина Аеродром

Општина Аеродром: Коалицијата СДСМ и Арсовска продолжува да шири лаги и дезинформации

Муцунски: Преку континуирани инвестиции во нова опрема обезбедуваме подобри услови за учениците во Аеродром

Муцунски: Со силна заложба и континуирани инфраструктурни инвестиции до поубава и помодерна општина Аеродром